Од:

СДСМ ја достави иницијативата за продолжување на собраниската седница

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, денеска до поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски достави 67 потписи како иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието.

Спасовски вели дека според Деловникот ова не е предвидено, но на овој начин парламентарното мнозинство сака да ја тргне и последната пречка за претседателот Иванов да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Нема предвидено рок до кога Вељаноски би ја свикал седницата, но како што вели Спасовски од Вељаноски е потребна политичка одговорност за решавање на кризата.

Спасовски рече дека ќе почекаат да се отвори седницата, а потоа е изберат собрание.



Comments are closed.