Од:

СДСМ: Коневски го смени ДУП за Камчев да гради повеќекатници

Златко Марин, претседател на Општинска организација на СДСМ, денеска на прес конференција објави зошто градоначалникот на општина Аеродром Ивца Коневски набрзина го донел спорниот ДУП, со којшто се загрозува воздухот и здравјето на граѓаните во општината.

-Сопственикот на плацот кај Мајчин Дом, бизнис партнерот на ВМРО ДПМНЕ, Орце Камчев преку фирмата Масив Констракшн, од Ивица Коневски добил маркица за огромна зграда од девет ката. Пред да биде насилно сменет ДУП, плацот се водел како неизградено земјиште, без маркица за градба. На неизграденото земјиште Камчев подигнал 3.200.000 евра кредит. На двата плаца коишто беа зелени површини сега ќе никнат згради што ќе ги гради фирмата на бизнис партнерот на Никола Груевски, Орце Камчев, рече Марин.

Тој најави дека ќе има ревизија на работењето на Ивица Коневски и одговорност за направени злоупотреби врз граѓаните.



Comments are closed.