Од:

СДСМ најавува повисока минимална плата

Доколку го добие мандатот од граѓаните да формира влада, СДСМ ветува дека до април 2017 година ќе ја зголеми минималната плата на 12.000 денари. Ова на денешната прес конференција го најави Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија и член на ИО на СДСМ

„Оваа минимална плата ќе важи и за вработените во индустријата за текстил, облека и кожа, кои со години се законски обесправени и земаат пониска минимална плата од останатите“, рече тој.

Тој потсети дека минималната нето плата изнесува 10.080 денари, додека за  работниците во индустријата за текстил, облека и кожа земаат дури помалку.

Тие велат дека за да нема отуштања на вработени, фирмите ќе бидат поддржани од државата. Во првата година, државата на работодавачите ќе им надомести по 1.900 денари за  исплатена бруто минимална плата во индустријата за текстил, облека и кожа.