Од:

СДСМ најавува враќање на единствен Универзитетски клинички центар

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, денеска најави дека партијата ќе го враќа концептот на единствен Универзитетски клинички центар поради тоа што  граѓаните губат многу време да шетаат од клиника на клиника.

Ќе го вратиме концептот на единствен Универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани. Нема да ве препраќаат како досега од клиника во клиника. Овие тараби зад мене што сведочат за неодговорните криминални политики на досегашната власт, ќе бидат минато, исто како што е веќе минато нивниот носител Никола Груевски, рече Шилегов.

Тој го одржа пресот стоејќи пред локацијата каде што министерот за здравство Тодоров пред две години вети дека до 2 јануари 2017 тука ќе нинке нов клинички центар.

Изминатите три години вие доаѓавте овде, сами, со болни деца, со болни родители, болни соседи, со надеж дека кончено од вашите пари од даноците ќе почне да се гради Клиничкиот центар. Наместо тоа, гледавте како во центарот на Скопје никне друг грамаден објект, ама не потребниот Клинички центар за вас, туку партискиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ за којшто отидоа, според некои проценки, над 30 милиони евра, рече тој.