Од:

СДСМ победи во Теарце, но мандатите на ВМРО-ДПМНЕ се нечепнати

Државната изборна комисија ги објави резултатите од прегласувањето во шестата изборна единица во Теарце во избирачкото место со број 2011. Од вкупно излезени 402 гласачи (56,30 проценти) од 712, 245 својот глас го дале за коалицијата предводена од СДСМ, 149 за  ВМРО-ДПМНЕ, еден глас за ДУИ, еден глас за ДПА и два гласа за ВМРО за Македонија. Победата на СДСМ не и донесе промена во бројот на мандати.

Излезноста во Теарце е речиси иста како на гласањето од 11 декември, односно гласале двајца избирачки помалку. На СДСМ им беше потребна далеку поголема излезност од оваа и поголема разлика во гласовите за да може да добие мандат повеќе.

Причината за поништување на гласањето беше жалбата на СДСМ дека од кочанот со избирачки ливчиња недостига едно ливче, а исто потоа беше пронајдено во избирачката кутија. Од избирачкиот материјал недостигаше и образецот број 15.



Comments are closed.