Од:

СДСМ:Приоритет е решавањето на проблемите на лицата со посебни потреби

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска излезе со конкретни предлози и конкретни мерки како приоритет за работа во програмата на идната Влада на Република Македонија за решавање на проблемите на лицата со посебни потреби.

– Овие родители не смеат да кампуваат за да ги добијат правата на своите деца и да го свртат вниманието на државните институции и на сите чинители во Република Македонија, коишто треба да ги ислушаат нивните потреби и нивните барања. Не смееме и нема да дозволиме парцијално решавање на проблемот на лицата со посебни потреби, децата со Даунов синдром, децата со аутизам, и секаков вид друга попреченост. Затоа што сите години наназад парцијално се пристапуваше кон сегментарно решавање на проблемот, но главниот проблем суштински не беше решен, изјави пратеничката Фросина Ташевска Ременски, која денеска заедно со нејзини колеги го посети привремениот камп на родителите спроти Собранието.

Таа најави севкупен системски пристап во решавање на проблемот на лицата со посебни потреби.

-Во првите шест месеци од формирањето на Владата предвидуваме зголемување на надоместок за заштита на правата на лицата со попреченост за 50 %, промената на законот и бришење на старосната граница  од 26 години за правата на родителите за скратено работно време меѓутоа и за севкупните права на децата коишто ќе наполнат 26 години да го ставиме законот во целокупна функција на овие деца, формирање на посебни центри за аутизам, за Даунов синдром и целосно реафиримирање на постоечките дневни центри за лица со посебни потреби со техничко и кадровско екипирање за да можат не само да ги згрижуваат децата за да им помине времето во денот додека родителите се на работа туку да можат да работат на подигање на нивните способности и вештини. Ќе направиме релоцирање на капиталните инвестиции во изградба на мали заеднички домови за децата и за лицата кои досега се сместуваа во заводи и псисхијатриски установи кои не беа соодветни ниту за нивната попреченост и дополнително ја влошуваа нивната состојба, рече Ременски.