Од:

Се мажи Пипа Мидлтон – поканата е полна со „бисери“

Pippa Middleton Built a Giant Glass Wedding Palace in Her Back…

Pippa Middleton is ready for her wedding! See the giant glass palace in her backyard: http://peoplem.ag/lsusU3t

Posted by People on вторник, 16 мај 2017

Сестрата на војвотката од Кембриџ Кејт, Пипа Мидлтон овој викенд ќе се мажи за вереникот Џејмс Метјуз. Венчавката ќе се одржи на семејниот имот на Мидлтон во Беркшир, а свадбата на помладата сестра на идната британска кралица е вест во сите светски медиуми.

За разлика од венчавката на Кејт и Вилијам, кое беше пренесувано преку телевизија, ова ќе биде интимен настан.

Но она што привлече најголемо внимание е содржината на поканата до 350 гости.

Во неа Пипа укажува дека оние кои не се во брак не можат да дојдат со своите партнери, а главна причина за тоа, како што пишуваат медиумите е Меган Марк, девојката на принцот Хари, која би можела да и ја „украде“ славата не невестата.

Освен тоа, Пипа на гостите им наредува дека мора да имаат две комбинации облека – едната за официјалниот дел кога невестета ќе биде во венчаница и другата кога таа ќе се пресоблече во полежерна комбинација.

Последниот од низата „бисери“ е стаклената палата која е направена специјално за оваа прилика. Структурата е донесена од Белгија, а поставена е во дворот што се простира на над 7 хектари.

Како наубави „украси“ на нејзината свадба ќе бидат децата на нејзината сестра принцот Џорџ и принцезата Шарлот.