Од:

Се обновуваат тензиите меѓу Русија и Украина

Москва го обвини Киев дека има намера да го дестабилизира Крим, додека Киев пак, ги отфрли обвинувањата, а во исто време повика на борбена готовност на силите распоредени во близина на Крим.

Пртседателот на Украина, Петро Порошенко сака да зборува директно со рускиот претседател Владимир Путин и со неколку западни лидери, поради пораст на тензиите мешу двете земји.

Од Канцеларијата на Порошенко соопштија дека тој побарал од Министерството за надворешни работи на земјата да организираат телефонски разговори со рускиот претседател Владимир Путин, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, со потпретседателот на САД Џо Бајден, и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Во меѓу време претставник на НАТО соопшти дека тие се длабоко загрижени поради обновените тензии и дека внимателно ја следат ситуацијата.

Неименуваниот претставник на НАТО ја повика Москва да „работи на смирување и деескалација на ситуацијата“, пренесуваат странските медиуми.

Русија, според него, не понудила ниту еден доказ за обвинувањето дека Украина испратила диверзанти да извршуваат напади на Крим.

Истиот претставник смета дека најновите воени активности на Русија на Крим не придонесуваат за слабеење на тензиите.