Од:

Села: Да го продолжиме мандатот на СЈО, па да одиме на избори

Зијадин Села од Алијанса на Албанците на денешната собраниска седница ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тие да гласаат за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство и за специјален суд, а тој потоа ќе гласа за нови предвремени избори.

„Платформата постоеше и кога вие имавте мандат, сега само сакате да ја избегнете одговорноста. Јас не сум од политичарите кои на своите деца сакаат да им остават иднина на мито и на корупција. Затоа, вашиот предлог за предвремени избори го прифаќам. Но, дали сте сигурни дека вашиот претседател Иванов нема да ги игра истите игри со недавање мандат. Ајде да го разрешиме во парламентот. Нека бидат и локални и парламентарни избори истовремено, ама ајде првин да гласаме за СЈО со двотретинско мнозинство, за специјален суд, па да одиме на предвремени избори. Јас ќе гласам, прашајте го вашиот претседател и кажете. Јас знам дека не сте подготвени да гласате за СЈО, затоа зад сите тие големи зборови се крие стравот од одговорност пред законот – рече Села.

На тоа му реплицираше Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ кој рече Груевски и Иванов им побарал на СДСМ да се откажат од платформата и ќе добијат поддршка за малцинска влада.