Од:

Серија А: Јувентус со рекордна 26 победа во низа во Торино

Фото: repubblica.it

Јувентус ја почна 2017 година со победа, но и со нов италијански рекорд. Шампионот ја порази Болоња со 3:0 во последниот меч од 19 коло во Серија А. Двоен стрелец беше Гонзало Игуаин во 7 и во 55 минута, во меѓувреме (41 минута) погоди и Пауло Дибала од белата точка.

За тимот на Масимилијано Алегро ова беше 26 победа во низа на домашен терен што е нов рекорд во фудбалската сцена на Апенините. „Старата дама“ е лидер на табелата со 45 бода и натпревар помалку пред Рома која има 41 и Наполи на третото место со 38 бода.