Од:

Шекспир оптимист за ЛШ: Лестер може до титулата

Наследникот на Клаудио Раниери на клупата на Лестер, Крег Шекспир смета дека „лисиците“ можат до титулата во Лигата на шампиони. Англискиот првак утревечер (20,45 ч.) го очекува реванш против Севилја на домашен терен во осминафиналето во елитното натпреварување во кој ќе се обиде да анулира еден гол минус од првиот меч во Шпанија.

„Освојување на Лигата на шампиони? – Па, зошто да не? – Тука сме и ќе се обидеме да победиме во натпреварувањето. Секој натпревар е различен од претходниот, а наше е да одиме на победа“, изјави Шекспир.

Шекспир беше асистент во стручниот штаб на Раниери и минатата недела ја доби довербата на раководството на Лестер да ја преземе работата со првата екипа. Има менаџерски договор до крај на сезоната во Премиерлигата во која нанижа и две победи – против Ливерпул и Саутемптон.

„Среен сум што ќе бидам на ова место до крај на сезоната. Преговорите се одвиваа брзо и бро завршија. Почнавме во четврток, се договоривме во сабота. Сега сум максимално фокусиран на предизвиците што нѝ претстојат“, додаде менаџерот на Лестер.