Од:

Шилегов: Груевски да одговори како заштеди 118.629 евра за една година

Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, призна дека му успеало тоа што не му успева веројатно на ниту еден граѓанин во Македонија, да штеди по 10.000 евра месечно, со плата од 1.400 евра, портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, вели екс-премиерот е должен одговори пред граѓаните.

-Единствено што имаше да каже е оправдувањето дека заработувал само плата, а листовите не знае како исчезнале од страницата на комисијата. Никола Груевски излажа. Платата на Груевски му била 88.139 денари, или околу 1.400 евра. Да ја штедел целата своја плата, сите 1.400 евра да ги ставал во банка, за една година ќе заштедел не цели 17.000 евра. А не 118.629 евра, потенцираше Шилегов.

Претставувјаќи ги неговите анкетни листови, портпаролот на СДСМ, вели, во нив самиот Груевски пријавувал уплати на девизни и денарски сметки од 300.000 до 3.000.000 денари и за нив во графата основ на стекнување или не дал податок, или рекол дека ги стекнал “на друг начин“.

AL 2

AL

-Никола Груевски е должен на 500-те илјади граѓани кои доведе со неговите политики на раб на сиромаштија да им го открие неговиот успешен “начин“ на заштеди од 118.629 евра за само една година. Граѓаните слушнаа од проектот Вистината за Македонија за оф шор релациите на Груевски со рајски земји, за милионските тендери што се договарале, за комбињата што шетале да бараат милионски парцели по Скопје и Водно. Дали Груевски незаконски се богати?, праша тој.

Шилегов порача дека Антикорупциската комисија којашто “случајно“  ги сокрила анкетните листови за имотната состојба на Груевски за 2014 и 2015 година, не можела да го спаси Груевски, а ниту нарачаната аболиција кај Ѓорге Иванов, за него и за неговите соработници.