Портпаролот на СДСМ на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот премиер Никола Груевски секој месец минатата година успевал да трга настрана по 10,000 евра ако се суди, според него, по анектните листови од 2014 и 2015 година. Шилегов го обвини Груевски дека за една година се збогатил за скоро скоро  119 000 евра.

-Пријавувал приливи во банка од по 300 илјади денари, но и по 3 милиони денари. Интересно е дека за овие големи приливи од по 2.000.000 – 3.000.000 денари во 2015 година Груевски во Анкетниот лист се правда дека му биле од 2005 и 2012. Но ако е така, зошто не му биле пријавени  во Анкетниот лист од претходната 2014 година?, праша Шилегов.

-Кој е тој начин на којшто Никола Груевски заработува, така што за една година успеал да заштеди 118.629 евра? И тоа додека 500.000 луѓе во Македонија тонат во сиромаштија?! Граѓаните слушнаа од Вистината за Македонија и за оф шор релациите на Груевски со рајските земји, за милионски тендери и провизии, за милионски парцели на Водно. Ова е уште една причина зошто на Груевски му се потребни аболициите од Ѓорге Иванов, рече тој.