Од:

Шилегов: СДСМ ќе ја прави новата влада

„Тука гласањето беше повеќе симболично. Разликата од стотина гласа во корист на СДСМ покажа дека ова е последен пат некој со криминални подземни методи да може да го извитоперува гласањето. Новата влада ќе ја составува СДСМ. Груевски рекол- Груевски порекол. Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира прегласувањето, па гледаме дека излегоа. Зборот на Груевски веќе не значи ништо во политиката, Груевски е минато во политиката“, рече носителот на листа во шестата изборна единица од СДСМ, Петре  Шилегов на прес конференција во Теарце вечерва или два часа по затворањето на гласачкото место.

ДИК ќе ги соопшти резултатите на прес конференција закажана за во 21:30 часот. Излезноста во Теарце, според се уште неофицијални бројки од набљудувачите е 402 гласачи, или двајца помалку од претходното гласање на 11 декември, со што шансите за промена во мандатите се речиси невозможни.