Од:

Шок во музичкиот свет – почина Крис Корнел на 52 години

Од моќниот глас во гранџ музиката, повеќе нема да слушаме нова музика. Фронтменот на Аудиослејв, Крис Корнел почина на 52 години.

Неговата смрт доаѓа како изненадување, бидејќи се уште се очекува обдукцијата за да се утврдат причините за неговата смрт.

Корнел е роден во 1964 во Сиетл а го формираше бендот Саундгарден.

Тој издаде пет соло албума откако прекина со Саундгарден.

Во 2001 година откако Зак де ла Рока ги напушти Рејџ Агенст Д Машин, Корнел и членовите од тој бенд го формираа бендот Аудиослејв.

Пред да се разделат во 2007 година, издадоа три албуми.