Од:

Шпански куп: Меси ја одведе Барса во четврт-финале (ВИДЕО)

Барселона се пласира во четврт-финалето во фудбалскиот Куп на Шпанија. Каталонците вечерва го совладаа Атлетик Б. со 3:1 и со вкупни 4:3 се пробија до осумте најдобри во натпреварувањето. Тимот од Билбао славеше во првата средба со 2:1.

Гостите пристигнаа на „Камп Ноу“ со намера да се бранат и своите шанси го гледаа во контранападите. Барса тргна по гол уште од првата минута во што успеа по повеќе од половина час игра. Водство од 1:0 обезбеди Уругваецот Суарез со одличен волеј по асистенција на Нејмар, резултат со кој и се замина на одмор.

Почетокот на второто полувреме донесе мноштво возбудувања. Домашните тргнаа во ист ритам како што се однесуваа и во најголем дел од првиот дел. И по само три минути игра добија најстрога казна што ja осигура и во гол ја претвори Нејмар. Но, набрзо спласна радоста и еуфоријата на трибините. Саборит во 51 минута погоди за Атлетик Билбао за намалување на 2:1.

По примениот гол составот на Луис Енрике фрли се на една карта со намера да избегне продолженија. Атлетик одолеваше до 78 минута кога Меси со прекрасен гол од слободен удар се потврди како мајстор за прекини за 3:1 што беше и конечен резултат на средбата.

Куп на Шпанија

Осминафинале, реванши

Резултати

Шпанија – Атлетик Билбао 3:1 (1:2)

Алавез – Депортиво ла Коруња 1:1 (2:2)

Кордоба – Алкоркон 1:2 (0:0)

Вилјареал – Реал Сосиедад 1:1 (1:3)

Во заграда се резултати од првите мечеви