Од:

Што ќе биде со СЈО: Провокативни предлози и губење драгоцено време

Специјалното јавно Обвинителство е пред истекот на својот мандат. Нови обвниненија можат да се покренуваат до 30 јуни, а разврската на политичката криза и формирањето влада директно ја загрозувааат институцијата  која треба да се бори со корупцијата и организираниот криминал во врвот на власта. СЈО долго  време бара продолжување на мандатот, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ отворено се противат на оваа идеја уште од самиот  почеток. Сега, кога тие го немаат парламенатрното мнозинство за формирање влада, а не дозволуваат оние кои го имаат да формираат, судбината на СЈО виси како никогаш досега. За почеток не може да се формира ниту  Комисијата за избор и именувања која заедно со формирање на други државни институции ќе може да го отвори патот за утврдување на судбината на СЈО во она кусо време кое преостанува.

Пратеникот на ДР-ДПА Сурија Рашиди за Порталб вели дека парламентарните партии, кои претставуваат 67 потписи за мандатот на Зоран Заев, имале конкретен чекор со цел да се заобиколи Трајко Вељаноски и да се назначи нов Претседател на Собранието за да подоцна и се формира Комисијата како и Владата од каде што може да има одлука за судбината на СЈО, но дека во овој момент тоа не е опција туку сите сакаат низ мирни преговори да се најде решение.

„Постои можност за парламентарното мнозинство да излезе одделно и да избере преседавач, но во оваа сложена ситуација парламентарното мнозинство е многу внимателно да не превземе погрешни чекори со цел да немаме сериозни последици. Лидерите се во преговори да се преземат сигурни чекори за избор на нов преседавач на парламентот, од каде што ќе имаа формирање на Комисијата, а потоа  и избор на претседателот на Собранието за да може СЈО да функционира нормално”, вели Рашиди.

Тој додаде дека „не е во интерес на никого да продолжи со блокадата на Собранието и престанокот на работата на СЈО”.

Но, од пратеникот на Движењето Беса, Африм Гаши беше најавено дека покрај тоа што тие се за продолжување на мандатот на СЈО и формирање на Специјалниот суд, тие, исто така, како парламентарна партија ќе покренат и иницијатива, институционални или политичка,  за нејзино нормало функционирање со единствена цел за откривање на злосторствата направени од страна на досегашните државни функсионери

„Целта на продолжување на мандатот на СЈО ќе ја оствариме институционално, но и како политички притисок.  Покрај тоа ние ќе инсистираме на продолжување на мандатот на СЈО , неговото нормално функционирање и формирање на Специјалниот суд, бидејќи ние сме за одговорност  за злосторства извршени од страна на функсионерите”, рече Гаши.

Но, за најголемата албанска парламентарна партија ДУИ, се чини дека одложувањето на формирањето на Комисијата и истекот на мандатот на СЈО како да не преставува некој проблем.  Пратеникот од ДУИ Ејуп Алими  изјави дека „ако истече рокот на СЈО ке се формира ново СЈО”. Но, иако СЈО беше клучна точка за не-коалицирањето на  ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ Алими рече дека “ние немаме конкретен план за продолжување на мандатот на СЈО и неговото нормално функционирање. Јас сум пратеник и немам многу овластување да направам промени“.

Од друга страна, пратеникот од истата партија, Џеват Адеми рече дека се ‘уште немаат конкретни чекори за тоа како да се деблокира Собранието и како ке се стигне до утврдување на судбината на СЈО.

“Ние немаме конкретни чекори за тоа како да се избегне блокирање на ВМРО-ДПМНЕ, за да може да донесе одлука за натамошното работење на СЈО”, изјави Адеми.

Социал Демократскиот Сојуз на Македонија денеска најави дека ќе го изберат новиот претседател на Собранието, бидејќи тоа е во рамките на Деловникот и македонските закони за потоа да имаат нормално функционирање на институциите и на тој начин да се одреди судбината на СЈО.

„Прво ќе биде избран новиот парламентарен претседател, а подоцна и  новата влада, во согласност со регулативата, Уставот и законите. Трајко Вељаноски и Ѓорге Иванов не треба на неуставен и незаконски начин да ги блокираат демократските процеси. Тие се должни врз основа на Уставот и законите да  овозможат мирен трансфер на власта “, се вели во соопштението на СДСМ.

Но, се чини дека сета ова блокада на Собранието, неформирањето на Комисијата и без избор на преседателот на Собранието, со што се блокира и работата на СЈО и одговара само на најголемата парламентарна партија, сега во заминување, ВМРО-ДПМНЕ. Тие неколку пати нагласија дека се против продолжување на работата на СЈО со тоа што не се откажа од репликите и контра-репликите на нивните пратеници.

Избор на претседател на Собранието од страна на парламентарното мнозинство избегнувајќи го Вељаноски и 51 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, претставува уставна основа. Уставно, избор на претседател на Собранието од страна на парламентарното мнозинство, кој во моментов има 67 потписи избегнувајќи го актуелниот преседавач  на Собранието, Трајко Вељаноски и 51 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ според експертот на Уставот на Република Македонија, Осман Кадриу претставува уставна основа и дека може да се случи и надвор од парламентарната конституивна седница.

„Парламентарното мнозинство има уставна основа да се собере само, да ја води седницата на парламентот еден од постарите членови, да се избере претседател, а потоа да се оди кон  формирање на Владата. Ова може да се постигне со собирање на мнозинството на новиот парламент со повикување на новиот преседавач на Собранието кое ако не може да се случи за време на конститутивната седница може да биде надвор од конститутивната седница и во други сали,  како што е секундарната сала Борис Трајковски “, објаснува Кадри.

„Друг пат нема, евентуално ако се појави некаков притисок од меѓународната заедница”, додава тој потенцијрајќи дека „меѓународната заедница дојде, апелираше но не презеде ниеден чекор  за санкционирање на активностите на претседателот Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не покажувајќи одлучност и коректност во своите ставови “. Според Кадриу, сега топката е во рацете на домашните играчи.

Според сегашниот закон за СЈО тоа  има право до крајот на јуни да отвора нови обвиненија, но постојат многу случаи кои се отворени до сега и се уште немат судски епилог бидејќи оваа институција се соочува со големи блокади не само од Судот туку и од многу други институции, па дури и приватни компании како на пример „Телеком“.  Од друга страна Врховниот суд денеска ја откажа сеансата во која се очекуваше да се одлучи за законитоста на Специјалото Јавно Обвинителство и употреба или не  на”бомбите”, како истражни докази.

Анализа  на ПОРТАЛБ. За албански превод кликни овде.