Од:

Што забележа бриселскиот таксист возејќи ги терористите до местото на злосторот

Белгиската полиција во истрагата за терористичките напади во Брисел доби драгоцени информации од такси возачот кој ги возел тројцата терористи од нивниот стан до аеродромот Завентем каде што го извршија терористичкиот чин.

Благодарејќи на соработката полицијата дојде до сознание дека терористите биел сместени во куќа на улицата Макс Роз во населбата Скарбек.

Имено во вторникот изутрината таксистот добил повик од оваа адреса. Кога се сретнал со патниците како што налага протоколот на такси компанијата се обидел тој да ги земе нивните торби и да ги стави во багажникот на возилото но тие ја одбиле ваквата асистенција и побарале од него тој да им дозволи сами да го сместат багажот.

Кога тргнале кон аеродромот такси возачот почувствувал чуден мирис на амоњак во возилото. Ова била втората чудна индиција за шоферот. Возејќи тој се сеќава дека двете момчиња облечени во црно биле молчеливи и не проговориле ништо во текот на возењето. Човекот кој носел шапка бил единствен комуникативен. Тоа е истиот оној кој е жив и по кој се трага додека двете момчиња во црно се бомбашите самоубијци. Таксистот се сеќава дека човекот со шапка зборувал нешто поврзано за Американците главно за тоа колку САД му нанеле зло на светот.

Кога стигнале на аеродромот и кога патниците излегле од возилото да го земат багажот забележал бели траги на нивните торби. Потоа се разделил од нив и земал друг клиент кој се возел од аеродромот кон градот. По пат од своите колеги ја добил информацијата за трагичниот настан по што веднаш се посомневал дека сторители се неговите клиенти. По добивањето на информацијата таксистот веднаш се упатил во полицијата за да ги сподели своите сознанија и сомневања.

Благодарение на неговите информации полцијата беше во можност да ја лоцира куќата во која биле сместени и таму да пронајдени драгоцени информации за истрагата.