Од:

„Сириските бели шлемови“ зеде Оскар за документарен филм

„Белите шлемови“, 40-минутен документарец за волонтерите кои спасуваат животи во Сирија, освои Оскар, прв и за дистрибуцијата Нетфликс.

Дваесет и едногодишниот Калед Катиб кој е кинематограф и портпарол на „Сириските бели шлемови“ не стигна во САД иако доби виза да отпатува, бидејќи како што вели, приоритет му е работата која им е премногу во Сирија.

Филмот ги следи тројца спасувачи од нивните тренинг кампови во Турција до воените жаришта каде ги спасуваат цивилите.

Катиб бил задолжен за што повеќе снимки, „ловејќи“ ги најмоќните моменти од граѓанската војна. Од луѓето кои трагаат по живот под  урнатините, до плач на новороденчиња и постојаниот страв од нови бомби.