Од:

Сите пораки до Иванов за одлуката да не го додели мандататот на СДСМ

Десетина функционери, дипломати, еврокомесари изминативе денови го повикаа претседателот Ѓорге Иванов да ја преиспита својата одлука да не го додели мандатот на СДСМ откако партијата обезбеди мнозинство од 67 пратеници во Собранието.

Меѓу оние што испратија порака е Генералниот секретар на ОБСЕ, двајца еврокомесари, Министерката за надворешни работи на Канада и други.

Иванов се уште стои на својата одлука да не го додели мандатот.

„Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1.март 2017 година. Пречките за определување Влада се уште не се отстранети“, стои во соопштението од Кабинетот на Иванов.

 



Comments are closed.