Од:

СЈО ги истражува медиумските донации: Чиста сметка, долга љубов

Во последните три изборни циклуси, од 2011 до 2014, медиумите на три партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ) им донирале вкупно 4 и пол милиони евра. Најмногу донатори имала ВМРО-ДПМНЕ. Донаторите на партијата на Груевски се под истрага на СЈО.

Од Маја Јовановска и Александра Денковска Гоцевска

Специјалното јавно обвинителство го истражува финансиското работење на повеќе медиуми. Од петокот истражители на СЈО ги проверуваат документите во компанијата МПМ, под чија капа се дневните весници „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“, а истрага е почната и за работата на телевизијата Канал 5 и други медиуми. Од тимот на Катица Јанева не соопштуваат за каква истрага станува збор, но најверојатно се работи за проверки во рамките на предистражната постапка за донациите на ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе неколку изборни циклуси медиумите се јавуваат како најголеми донатори на владејачката партија, која до изборите во 2014 беше неприкосновена во речиси сите медиуми, каде рекламните изборни спотови на Груевски и неговиот тим со часови се вртеа по телевизиите и радијата, а и во весниците преовладуваа изборните листи и програми на ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова ВМРО-ДПМНЕ не го плаќаше или добиваше огромни попусти во сите провладини медиуми. И не само тоа, туку партијата на Груевски ги окупираше најголем дел од термините за рекламирање, а потоа и да имаше пари и желба некоја друга партија да се рекламира, тоа беше невозможно.

Огромните разлики меѓу отстапениот простор за рекламирање, дадените попусти и ненаплатените побарувања ги правеа медиумите незаконски донатори. Од друга страна, законски предвидената сума од 18 денари за трошење по освоен глас ги ставаше партиите во спокојна позиција и ги девалвираше одредбите за ограничување на нивното трошење за време на кампањата.

НОВАТВ ги пресмета сите донации од медиумите, според финансиските извештаи доставени до Државниот завод за ревизија, за партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Тие покажуваат дека во 2011 година партијата на Груевски добила донации од медиумите во износ од 3.648.000 евра. Потоа таа сума се намалува во 2013 година за време на локалните избори, кога донациите од медиумите се 642.000 евра, за во 2014 година да се симнат на 145.000 евра. Интересно е тоа што во 2011 и 2013, најголеми донатори се Сител ТВ, Канал 5 и МПМ, а во 2014 се јавуваат локални медиуми како ТВ Сонце, ТВ Едо, ТВ Кис Тетово, Интел Струмица и ТВ Тера од Битола.

На нелојалната конкуренција во предизборната кампања во медиумите и’ беше ставен крајот во 2015 година кога како еден од условите за предвремени избори во договорот од Пржино беше измена на Изборниот законик во делот на рекламирањето на партиите. Оттогаш медиумите не смеат да бидат донатори на партиите.

Во продолжение преглед на донациите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ за изборите во 2011, 2013 и 2014 година.

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2011

ВМРО-ДПМНЕ   

ВКУПНО 3.648.600 ЕВРА ДОНАЦИИ ОД МЕДИУМИТЕ

ДОНИРАЛЕ 31 МЕДИУМ

НАЈГОЛЕМИ ДОНАТОРИ

СИТЕЛ 325.000 ЕВРА

КАНАЛ 5 ТВ 166.000 ЕВРА

НАШАТ ТВ СКОПЈЕ 22.7000 ЕВРА

ТВ ТЕРА БИТОЛА 8.000 ЕВРА

ОРБИС БИТОЛА 7.300 ЕВРА

СДСМ  

А1 ТВ 90.000 ЕВРА

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2013

ВМРО-ДПМНЕ  

ВКУПНО 642.849 ЕВРА ДОНАЦИИ ОД МЕДИУМИТЕ

ВКУПНО  ДОНИРАЛЕ 36 МЕДИУМИ

НАЈГОЛЕМИ ДОНАТОРИ

МПМ 251.470 ЕВРА

(ФИРМАТА ВО 2012 ЈА КУПИ БИЗНИСМЕНОТ ОРЦЕ КАМЧЕВ)

СИТЕЛ 160.400 ЕВРА

КАНАЛ 5 144.700 ЕВРА

АЛФА 76.400 ЕВРА

ТЕРА ТВ СКОПЈЕ 9.750 ЕВРА

СДСМ

ТРЕНДОЛЕНД 690 ЕВРА

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2014

ВМРО – ДПМНЕ

ВКУПНО 145.673 ЕВРА ДОНАЦИИ ОД МЕДИУМИТЕ

ВКУПНО ДОНИРАЛЕ 41 МЕДИУМИ

НАЈГОЛЕМИ ДОНАТОРИ

ТВ СОНЦЕ 8.900 ЕВРА

ИНТЕЛ СТРУМИЦА 8.300 ЕВРА

ТВ ЕДО 6.800 ЕВРА

ТВ КИС ТЕТОВО 6.800 ЕВРА

ТВ ТЕРА БИТОЛА 6.100 ЕВРА

СДСМ

ВКУПНО ДОНАЦИИ ОД МЕДИУМИТЕ 26.700 ЕВРА

ДОНИРАЛЕ 6 МЕДИУМИ

ТВ 24 ВЕСТИ 8.500 ЕВРА

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ 4.400 ЕВРА

ТЕЛМА 4.200 ЕВРА

ТВ КАНАЛ ВИС 3.500 ЕВРА

РАДИО ГАЛАКСИ 3.400 ЕВРА

ДУИ

ВКУПНО ДОНАЦИИ ОД МЕДИУМИТЕ 14.000 ЕВРА

ТВ КОХА ТЕТОВО 5.000 ЕВРА

ТВ УСКАНА 9.200 ЕВРА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2014

ЃОРЃЕ ИВАНОВ

ВКУПНО ДОНАЦИИ ОД МЕДИУМИ 48.000 ЕВРА

ДОНИРАЛЕ 38 МЕДИУМИ

НАЈГОЛЕМИ ДОНАТОРИ

ВИС СТРУМИЦА 8.800 ЕВРА

ТВ КОХА ТЕТОВО 5.200 ЕВРА

ТРД УСКАНА КИЧЕВО 5.000 ЕВРА

ТВ ЕРА 2.300 ЕВРА

ТВ СОНЦЕ 1.600 ЕВРА

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

ВКУПНО ДОНАЦИИ ОД МЕДИУМИ 90.000 ЕВРА

ДОНИРАЛЕ 5 МЕДИУМИ

ТЕЛЕВИЗИЈА АМАЗОН 29.000 ЕВРА

ТВ 24 ВЕСТИ 26.000 ЕВРА

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ 22.000 ЕВРА

ТЕЛМА 4.300 ЕВРА

ТВ КАНАЛ ВИС 8.100 ЕВРА

ИЛАЗ ХАЛИМИ

ТВ КОХА 3.200 ЕВРА



Comments are closed.