Од:

СЈО ги истражува тендерите во Клиничката болница во Битола

Истражители на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера влегле во битолската Клиничка болница и барале да им се достават на увид документи поврзани со тендери за набавки во болницата распишувани преку Министерството за здравство, потврди директорот на болницата Василе Најдовски, СДК.мк

„Од СЈО дојдоа во нашата болница и бараа документи за тендери што беа распишани преку Министерството за здравство. Тие не беа само кај нас, туку и низ неколку други во земјава барајќи документација поврзана со тендери за болниците кои одеа преку Министерството за здравство“, рече Најдовски.

Се уште не се знае за какви набавки станува збор и кои тендери ги истражува СЈО.