Од:

СЈО поднесе обвинение за случајот „Транспортер“

Специјалното јавно обвинителство поднело обвинителен акт за случајот „Транспортер“, случајот во кој првообвинет е актуелниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, објави Макфакс.

СЈО го товари Талески за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, во вредност од 360.000 евра.

Обвинителниот акт е поднесен непосредно пред велигденските празници, а за него треба да одлучува Совет за оценка на обвинителниот акт, по што, доколку биде одобрен, треба да биде закажано судење.

Во „Транспортер“, отворен во април минатата година, покрај битолскиот градоначалник за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, осомничени се уште 22 лица.

Ова е трето обвинение поднесено од СЈО, по случајот за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година и за случајот „Тврдина“.