Од:

СЈО: Тоа што никој не знае каде е Кочан, потврдува сомнение за бегство

Заврши јавната седница на Апелацискиот суд на која се расправаше за жалбата по решението на Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 за притворот на Сеад Кочан.

Се уште не се знае кога ќе биде донесена одлуката дали ќе се потврди или ќе се отфрли притворот за Кочан.

СЈО рече дека со тоа што веќе неколку дена никој не знае каде е Кочан, се потврдило нивното сомнение за можно бегство.

Адвокатот на осомничениот, Никола Додевски претходно за медиумите изјави дека единствената потреба за притвор е тој да биде затворен, а неговиот медиум замолчен.

Адвокатот Додевски побара Советот да ја прифати жалбата и да го укине решението за притвор, а обвинителите од СЈО рекоа дека доколку Кочан не е во притвор, може да го повтори делото и да влијае на вештаците во овој случај.



Comments are closed.