Од:

СКУП: Езерото пред уништување, институциите мислат само на профит

Охридското езеро е пред најголемата опасност за исчезнување. Ако институциите не преземат конкретни чекори да се за превенира уништувањето, Балканскиот бисер во догледен период може да го снема.

Таквите состојби ги потврдуваат и податоците во анализата на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, добиени од Хидробиолошкиот завод од Охрид, користејќи го Законот за слбоден пристап до информациите од јавен карактер.

Здравко Крстановски, поранешен директор на Хидробиолошки Завод од Охрид е загрижен поради несоодветниот однос на институциите кон ова природно богатство, меѓу кои е и истребувањето на ендемичната пастрмка. Тој предупредува дека истребувањето на пастрмката ќе има страшни последици врз езерото.