Од:

СКУП: Козо, овцо, мајмун, ѓубре“ – зборови тешки и по 10.000 евра

Истражувањето на СКУП покажа дека во 20 судови во земјава, во периодот од 2011 до денес, биле покренати над 30 судски процеси, токму за навреди изнесени на најпознатата социјална мрежа Фејсбук. Граѓаните побаруваат и по 600 илјади денари за надомест на штета за клевета или за загрозување на честа и угледот. Судиите често ги казнуваат навредувачите, па глобите се 100, 200, 500, па и до 10.000 евра.

Судската евиденција бележи дека не само граѓани, туку и јавните личности, особено политичарите, не ретко и се навредуваат и се тужат. Иако перцепцијата во јавноста е дека најчести гости на судовите се политичарите, бизнисмените, новинарите, сепак судските примери го покажуваат спротивното. Се поголем е бројот на спорови меѓу граѓаните кои не се јавни личности, а почувствувале „душевна болка“ или им бил „нарушен сонот“, или пак поради навредата која им ја нанеле соседите, или поранешниот партнер, некој роднина, или пак колега од работа, им се „покачил притисокот“. Мотивите се различни: реваншизам, семејни недоразбирања, ривалство, политички пресметки. На суд завршуваат и меѓусебна сосетска расправија или нетрпеливост на работното место. Поттик плус за покренување судски постапки се и значителните парични отштети на кои се надеваат тужителите.

Како најпогодни „полиња“ за размена на навреди и клевети се социјалните мрежи (пред се Фејсбук), судските ходници и веб порталите, се вели во истражувањето на СКУП.

Целата сторија можете да ја прочитате на следниот линк.