Од:

СКУП: На само еден политичар му е конфискуван имотот

Според податоците од Агенцијата за управување со одземен имот, освен на Бошковски имот му е одземен и на Слободан Богоевски, бившиот директор на ДБК, за кривичните дела „перење пари, злоупотреба на службена положба и овластување и даночно затајување“.

За истиот случај имот им е конфискуван и на двајца адвокати.

Имот му е одземен и на поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Саша Димиќ, за кривичното дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

И, на крајот на листата се 35 лекари, на кои исто така им е одземен имот за делото „прибавување имотна корист“.

Целото истражување на СКУП – Центар за истражувачко новинарство на следниот линк.