Од:

Случајот „Поткуп“ одложен за 3 април

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“ е одложено за 3 април. Причината за одложувањето е тоа што обвинетиот Зоран Заев не се појави на судењето.

Како што кажа неговиот адвокат, Филип Медарски, Заев бил во Сараево каде што треба да му биде врачена награда за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа.

На рочиштето не се појави ни сведокот на обвинителството Иван Николов Сачевалиев.

Во овој случај лидерот на СДСМ, Зоран Заев се товари за барање и примање поткуп од струмичкиот бизнисмен Сачевалиев.