Од:

Снег во Маврово и Крушево, за викенд затоплување

Променливото време и ниските температури донесоа снег на повисоките предели во земјава. Утрово снег има во Крушево (1 сантиметар) и во Маврово (3 сантиметри).

Во делови од земјвата се забележани и температури под нулата. Најстудено утрово е во Лазарополе -7, -5 Крушево и Маврово, -4 Берово, -2 Претор и Охрид, -1 во Битола, 0 степени во Струмица, Тетово, Кр. Паланка и Виница, 1 степен во Куманово и Штип, 2 степени Скопје и Демир Капија, 4 Дојран и 5 степени Гевгелија.

За денеска метеоролозите предвидуваат променливо облачно и студено со засилен северозападен ветер, особено изразен по должина на Повардарието и во источните делови.

Претпладне во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 6 до 13 степени.

За време на викендот утринските температурите на повеќе места ќе бидат околу или под нулата. Дневната температура од сабота ќе биде во пораст.