Од:

Со Даунов синдром творат и бараат шанса да ги пласираат креациите

Создаваат творби и бараат место каде да ги изложат и пласираат своите креации. Никола Стојановски со своите 12 години слика на гипсени маски, а Елизабета Петковска  прави накит  од конец и монистра, изработува плетени креации.

Државата веќе четири години е глува на барањето да се отвори Центар каде ќе се дружат лицата со Даунов синдром и ќе ги изложуваат своите изработки. За проблемите со кои се соочуваат зборуваат и нивните мајки, Сузана Стојановска и Мирјана Петковска. Октомври е месец на Даунов синдром, но тие не сакаат само еднаш во годината за слушне за нив.