Од:

„Соколите“ со нов скалп во АБА лигата: Карпош ја совлада Цедевита

Фото aba-liga.com

Карпош С. го приредија второто големо изненадување во АБА лигата сезоната. По Будуќност, „соколите“ во Скопје ја совладаа и Цедевита со 89:81 (по четвртини: 25:12, 20:22, 21:20, 23:27) за втора нивна победа во јадранската кошаркарска конкуренција. Составот на Драган Николиќ беше во водство во текот на целиот меч што во еден момент изнесуваше и 17 разлика. Гостите од Загреб благодарение на Рајан Ботрајт се доближија на два поена разлика (77:75) во последниот период, но домашните останаа фокусирани во финишот и со серија од 6:0 се одлепија на 83:75 и не дозволија расипување на одличниот впечатокот.

Драган Зековиќ и Рајан Ботрајт со 23 коша беше прв стрелци на натпреварот. Играч на мечот, сепак, беше Зоран Вркиќ кој со 19 поени, осум скока и шест асистенции имаше најголем индекс на корисност од сите играчи и на прагот да оствари трипл-дабл. Во наредното коло Карпош Соколи ќе гостуваат во Задар, а денеска во рамки на оваа 11 рунда, МЗТ Скопје ќе игра со Игокеа во Лакташи.