Од:

Создавање на неврохирургот

Хенри Марш опишува како засакал да ги оперира мозоците на своите пациенти

БОЛЕСТА, ќе напише Сузан Зонтаг, е „ноќната страна на животот“. Во својот бестселер мемоар од 2014г. „Не прави лошо“, неврохирургот Хенри Марш елегантно ја опиша својата улога како чувар на капијата на оваа ноќна страна, на „подземјето на страданието“. Во „Приемно“ тој се навраќа на истата територија, но истотака го допира и својот живот пред и после сржта на неговата кариера.

Книгата започнува со бесмислениот крај на работењето на г-н Марш во Британското Јавно Здравство. Исцрпен и преморен, како што вели самиот, од бирократски и непотребни регулативи, г-н Марш го доставува своето отказно писмо. Последна операција која ја извршува е комплицирана, но успешна. Следниот ден дознава дека на неговиот пациент му била интубирана  непотребна насогастрична сонда и бара од сестрата да ја оттргне, што таа одбива да го стори без соодветна пишана документација. Во тој момент г-н Марш пука од нервоза, ја повлекува сестрата за нос гласно викајќи и „те мразам!“, и луто заминува. Подоцна тој се враќа и посрамено и се извинува на сестрата. Оваа епизода го прикажува симпатичното и искрено раскажување на г-н Марш, како и неговиот раздразлив хероизам. Тој, и покрај се’ е многу допадлив лик. 

По 40 години минати во Јавното здравство, најголемиот страв на г-н Марш е да не постане мрзелив, летаргичен и бескорисен. Затоа тој се окупира себеси и пишува. Во Непал и Украина им помага на поранешните колеги на нивните клиники. Секојдневно се појавуваат луѓе со тумори поголеми од кога и да видел претходно во Британија. Страдањето е огромно, а операцијата скоро и бесцелна.Неговите рефлексии за смртта и умирањето тука се еднакви со оние на Атул Гаванде во неговото дело „Да се биде смртен“. И на секои неколку поглавја се навраќа во Оксфорд, каде што започнал да реновира мала колиба која се наоѓа во непосредна близна на неговиот дом од детството. Ова го навраќа во младоста, од часовите по пливање до првата љубов, во неговото време на Универзитетот Оксфорд, и краткиот престој како пациент во психијатарската болница.  Добиениот ефект е всушност еден вид на застранет билдунгсроман за неговиот пат да стане неврохирург.

Привилегираните увиди во Неврохирургијата ја направија книгата „Не прави лошо“ толку добра. „Приемно“ до одредена точка нуди повеќе од истото. Г-н Марш ги опишува неврохирурзите како посебна категорија на луѓе изолирани поради страшната и огромна одговорност која ја имаат во нивната професија. Постои одлуката дали воопшто да се оперира, која вклучува голема несигурност. Tука е и ризикот на самата неврохирургија каде што најмалата грешка може да ослепи, парализира или убие некого. Но г-н Марш ја опишува како еден вид на зависност, каде што огромната одговорност е дел од задоволството. „Како и сите други хирурзи, јас само сакам да оперирам.“ Штом го направи првиот засек, го преплавува огромна и среќна концентрација. Неговите пишувања се најдобри и најживописни во „немата драма на театарот“, со „звучниот сигнал од мониторите за анестезија, звукот на вентилаторот“ и „одвратниоот звук на вшмукување“ при отстранување на тумор од нечиј мозок.

Сепак,  таквите моменти се поретки во новата книга на г-н Марш. Оние читатели кои очекуваат втора „Не прави лошо’ ќе се изненадат, но нема да се разочараат. „Приемно“ раскажува многу повеќе за човекот одошто за хирургот, но е одлична на свој начин!

Извор: The Economist