Од:

„Спас за Валандово“ ги собра потписите за референдум за Казандол

Граѓанската иницијатива Спас за Валандово ги собра потребните потписи за распишување на референдум на локално ниво во Општина Валандово.

Денеска во име на сите 2.213 потпишани граѓани на Општина Валандово, тие поднесоа предлог Барање до Советот на Општина Валандово да донесе Одлука со која ќе распише референдум на локално ниво, најдоцна до 12 јуни (понеделник).

Согласно законските рокови и Статутот на Општината за распишување на референдумот, тие бараат референдумот да се одржи на 9. јули годинава, а граѓаните ќе се изјаснат на прашањата:

-Дали сте ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот и рударскиот комплекс “Казандол”?

-Дали сте ЗА или ПРОТИВ отварање на рудници и рударски комплекси за металични минерални суровини на територијата на Општина Валандово?

– Доколку Градоначалникот на Општина Валандово, Претседателот на Советот и Советот на Општина Валандово не ги донесат горенаведените одлуки заклучно 12  јуни, како граѓани на Општина Валандово сплотени во граѓанската иницијатива Спас за Валандово, почнувајќи од 13ти јуни (вторник) ќе пристапиме кон радикални чекори користејќи ги сите демократски облици за изразување незадоволство: секојдневни блокади и протести на крстосница Валандово-Пирава-Марвинци, сè додека нашите барања не бидат исполнети од страна на Советот на Општина Валандово, велат од Граѓанската иницијатива.

Референдумот во Богданци за Казандол ќе се одржи в недела.

Рудникот Казандол има добиено концесија за експлоатација од 1500 хектари. Руда ќа се експлоатаира и од територијата на Богданци. Здруженијата  тврдат дека  само граѓаните  можат да го стопира овој проект.

Рударскиот комплекс Казандол и понатаму се гради.Според проекциите наесен тој треба да почне со ископ и производство на катоден бакар. Инвеститорот тврди дека и понатаму се шират невистини за нивниот процес на работа, потенцирајки дека овој рудник воопшто нема да ја загадува животната средина, а камоли да наштети на земјоделското производство во Валандово и Богданци.



Comments are closed.