Од:

„Спас за Валандово“ започнаа со блокади

Активистите од „Спас за Валандово“ денеска започнаа со најавените блокади на клучката Валандово-Пирава-Марвинци со кои бараат општинските власти да закажат седница на која ќе се донесе одлука за референдумско изјаснување за рудникот Казандол.

„Спас за Валандово“ инсистираше Советот да одржи седница вчера за да може на 9 јули да се одржи референдумот, но претседателката на Советот не закажа седница.

На 9 јуни тие го предадоа списокот со 2.213 потпишани граѓани на Општина Валандово и  поднесоа предлог Барање до Советот на Општина Валандово да донесе Одлука со која ќе распише референдум на локално ниво.