Од:

Специјалци упаднаа во домот на началникот на СВР Куманово

Во моментов куќата на кумановскиот началник на СВР Куманово, Стојанче Велиќковиќ, е опколена со специјалци на МВР, а внатре истражни органи вршат претрес, јавува локалниот интернет портал „Кумановски муабети“.

Веста за НОВАТВ ја потврдија и до МВР, но не знаат за каква и чија акција се работи.

Според изјавите на насобраната маса народ пред неговиот дом, специјалците влегле во дворот за да го уапсат началникот Величковиќ.

– Специјалците пред половина час пристигнаа пред неговиот дом, каде и се собравме во голем број за да не дозволиме да го приведат. Тука има и Македонци, и Албанци, и партиски и непартиски луѓе, и нема да дозволиме да биде уапсен без да дознаеме зошто и под кое обвинение, вели еден од граѓаните кој истотака протестира пред домот на Величковиќ, јавува Кумановски муабети.

Новинарските екипи се веќе пред домот на Величковиќ, од каде ќе следат повеќе информации за тоа зошто и кој даде наредба да се приведе Стојанче Величковиќ. Улицата каде што живее началникот е блокирана од полицијата, а таму веќе со собираат и приврзаници на СДСМ.

Стојанче Величковиќ беше назначен за началник на СВР Куманово во првата техничка Влада, па потоа беше разрешен со заминување на Оливер Спасовски и повторно вратен со неговото враќање на чело на МВР.