Од:

Србија бара заштита на амбасадите, биле мета на албански терористи

Српското Министерство за надворешни работи побарало од одредени земји да ги засилат мерките на бебедност на српските дипломатски претставништва, кои, според бебедносните информации се потенцијална мета на албанските терористи, а дипломатите во тие земји добиле прецизни инструкции од Белград, мерките на внимание да ги подигнат на највисоко ниво, објавува Танјуг.

Причина е апсењето на Рамуш Харадинај по потерница од Србија за наводни злосторства против човештвото сторени на Косово во 1998 и 1999 година, а кои не се опфатени со хашките обвиненија од кои тој е ослободен.

Досега е познато дека вакви мерки се побарани од властите на Швајцарија, Турција, Германија, Италија и Белгија, каде според безбедносни информации може да додје до напади на српската дипломатско конзуларна мрежа. Во овие амбасади има околу 40 луѓе дипломати, а поради редуцирањето на кадарот, најчесто чуварот е задолжен да биде и телихранител на амбасадорот.

Засега како што пренесува агенцијата, не се размислува за повлекување на персоналот, но им било сугерирано да ги активираат специјалните планови за кризни ситуации, кои ги има секоја амбасада, додека амбасадорите се задолжени за своите контакти и движења однапред да го известат српското Министерство за внатрешни работи, а по потреба и нивните домаќини, за да биде обезбедена нивната рута, пишува Вечерње новости.

Министерот за надворшени работи Ивица Дачиќ во понеделникот предупреди дека во албанската дијаспора се подготвува заземање на неколку српски амбасади во САД или во Европа, со цел Србија да се откаже од судењето на Харадинај, а информациите како што рече се добиени од западни безбедносни агенции на една голема земја.