Од:

Србите се плашат да одат во Грција преку Македонија

По кој пат да се оди на одмор во Грција ако во Македонија не се смират тензиите до почетокот на летната сезона, пишуваат српските медиуми. Од Белград преку Македонија до Солун е 645 километри, а преку Софија 685 километри.

Минатата година во Грција летуваа околу 900.000 српски туристи. Сите тие поминаа низ Македонија, затоа што таа траса е пократка, отколку да одат преку Бугарија. Тоа значи дека сите тие платиле патарини и дале пари во македонскиот буџет.

Патот преку Македонија до Грција не само што е пократок, туку е и поевтин бидејќи цените на горивата во Македонија се најниски во регионот, пишуваат медиумите во Србија.