Од:

Средба на Заев со италијанскиот амбасадор

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Италија во земјава, Карло Ромео.

Како што се наведува во соопштението од партијата, на средбата е констатирана потребата од деблокада на демократските процеси во Македонија, во интерес на граѓаните и стабилноста и перспективите на државата.

-Македонија мора да оди напред. Парламентарното мнозинство ќе ги продолжи чекорите кон избор на нов собраниски претседател и избор на новата реформска Влада, според Уставот, Деловникот и законите во Република Македонија, изјави Заев.

Од СДСМ велат дека била нагласена и потребата од разумност за мирен трансфер на власта преку почитување на демократските принципи. Се разговараше и за ризиците од пролонгирање на деблокадата на демократските процеси.