Од:

Средбите на лидерите со Хан започнуваат на пладне

Средбите кои утре ќе ги одржи еврокомесарот за проширување и соседска политика,  Јоханес Хан со лидерите на политичките партии почнуваат во 12.40 часот.

Првата средба ќе биде со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Следната средба е со БЕСА во 13 часот, потоа со Зијадин Села од Алијанса за Албанците од 13.50, а од 14.55 со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Средбата со Зоран Заев ќе се одржи во 16.10 часот, а во 17.45 Хан ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов. Средбата со Иванов ќе биде во претседателската резиденција на Водно.

По претседателот предвидено е Хан да се сретне со претседателот на Собранието, но на агендата не е напишано името на спикерот на Собранието.  Последната средба, во 20.15 ќе биде со поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Изјава за медиумите е предвидена во 21.45 часот.

Засега потврдена е само средбата на Хан со партијата БЕСА.