Од:

Средношколците од Струмица: Престанете да влечете во бездната во која вие тонете


Со протестен марш кој стартуваше од плоштадот „Гоце Делчев“, учениците од трите средни општински училишта во Струмица го изразија својот револт и рекоа НЕ за математиката на државната матура, но и за екстерното тестирање.

-Јасно и гласно кажуваме Не на непотребните тестирања и стресови. Дајте ни луѓе работилници, лаборатории, веродостојни книги напишани од доктори и академици, а не од луѓе блиски до вас. Дајте ни можност да се надоградуваме, оформуваме, кроиме и прекројуваме. Дајте ни избор. Направете ни простор слободно да дишеме и престанете да не влечете во бездната во која вие самите тонете, порачаа средношколците од Струмица.