Од:

Старделова: Не чека многу работа, ќе направиме добар тим

Оваа гарнитура ќе направи нешто ново, ние навистина сакаме да направиме подобра Лекарска комора со која само ќе се гордееме, рече доктор Калина Гривчева Старделова, веднаш по изборот за нов претседател на Лекарската комора. Со 40 гласа “за“ од вкупно 66 Старделова го доби мандатот да застане на чело на комората. Нејзината противкандидатка Ленче Неловска која беше заменик претседател во изминатите два мандата, доби 24 гласа, два се неважечки.

“Не чека многу работа, треба да направиме нов статут, внесување во законот за докторска дејност, имаме многу работа на терен, оставени с е работи кои треба да ги доистражиме. Ќе направиме добра тим, ова е само почеток“изјави Старделова.

Доктор, Калина Гривчева Старделова е лекар на Клиниката за гастроентерохепатологија и во наредните четири години ќе ја води Лекарската комора. Таа е првата жена која застанала на чело на ова еснафско здружение.

За нејзин заменик е избран доктор Илбер Бесими, хирург  од Тетово.

„Со тимот што ќе го направиме се надеваме да изгрдиме подобра структура на подостоинствено претставување на докторите, да ја вратиме позицијата која ја заслужуваат во општеството. Комората ќе биде во служба на лекарите, а потоа и на пациентите кои се основни во нашата работа“, изјави Бесими.

По многу перипетии, притисоци и закани, конечно Лекарската комора доби ново раководство кое најавува дека ќе надомести се што е испуштено до сега. По ова,  останува да се изберат Извршен и Надзорен одбор, како и Етичката комисија. Со ова се очекува еснафското здружение да почне сериозно да ги решава предметите кои останале нерешени, како и повеќе внимание да посвети на решавање на наталожените проблеми на лекарите.