Од:

Старџон планира нов референдум во Шкотска, сакаат да останат во ЕУ

Првата жена на Шкотска, Никола Старџон денеска информираше дека ќе побара втор референдум во нејзината земја на кој граѓаните ќе се изјаснуваат во однос на независноста. Таа вели би се гласало помеѓу есента 2018 и пролетта 2019 година.

Старџон ќе бара дозвола од шкотскиот Парламент за следната недела за активирање на барањето и доколку ја добие, Шкотланѓаните ќе одржат нов обврзувачки референдум по Брегзит.

Старџон смета дека така, на нејзините сограѓаните ќе им се дозволи избор помеѓу “тешкиот Брегзит“ и шансата да станат независна држава.

Резултатите од Брегзит покажаа дека Шкотска сака да остане дел од ЕУ, со 62 % од гласовите да се остане во европското семејство.

Владата на Шкотска објави неколку предлози според кои, Шкотска би останала членка на единствениот пазар на ЕУ дури и ако Обединетото Кралство реши да го напушти со постапката за Брегзитот.