Од:

Стариот згасна, но формиран е нов „Институт Павел Шатев“

По само еден месец откако беше затворен контроверзниот „Институт Павел Шатев“, денеска во Централниот регистар е заведен нов. Сега се вика Здружение за општествено политички развој Институт Павел Шатев Скопје, а претседател е Златко Јанковски. Тој беше и еден од основачите на претходниот Инситут.

Овој институт ќе се занимава со истражување на пазарот и испитување на јавното мислење, помошни услуги во образованието, дејности на други организации врз база на зачленување, неспоменати на друго место

Целите на здружението ќе бидат поддршка на Европската идеја и евроатланската ориентација, почитување на христијанските вредности и христијанското наследство на Европа, поддршка и поттикнување на македонското конзервативно, центар десно и христијанско наследство. Исто така  ова здружение ќе дава поддршка и поттик на конзервативно профилирана политичка и научна мисла и практика во земјата, разбирање и објаснување на глобалните и локалните трендови што се одразуваат врз животот на граѓаните и на земјата во целина. Ќе развива конзервативно профилиран политички подмладок врз стабилна, морална, сознајна и искуствена основа.

Институтот Павел Шатев ќе го развива и патриотизмот, националната гордост и личната одговорност.

Првиот институт Павел Шатев беше основан во 2012 година на истата адреса на која живееше претседателот на здружението, Ивана Петровска. Дел од основачите имаа  високи функции во државни институции.

Гордана Симоноска беше раководител на правната служба во Македонска Пошта, а како основач беше и Златко Јанковски, експортпарол на Секретаријатот за европски прашања