Од:

Стимул за Борусија Д.: По 100.000 евра бонус за елиминација на Бенфика

Фудбалерите на Борусија Дортмунд ќе имаат екстра стимул во утрешниот реванш меч против Бенфика, на домашен терен, во осминафиналето во Лигата на шампиони. Управата на „милионерите“ реши да го одврзе ќесето во функција на пласман во четврт-финалето.

Понудата гласи – по 100.000 евра за секој играч за елиминација на португалскиот состав кој славеше во првата средба во Лисабон со 1:0.

Финансискиот мотив важи за 18. фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на „Вестфален“. Или во превод, челниците на бундеслигашот ќе издвојат 1,8 милиони евра за награда на момчињата на Томас Тухел во случај на резултат што ќе ги води меѓу осумте најдобри во елитното натпреварување.

Покрај средбата во Дортмунд, утревечер ќе играат уште и Барселона и ПСЖ на „Камп Ноу“. Французите имаат 4:0 од првата средба.