Од:

Стинг ќе подари 100.000 евра за помош на бегалците

Стинг ќе донира 100.000 евра на шведско здружение за помош на бегалци.

Тој денес најави шведската музичка награда “Полар” од 100.000 евра, освоена во февруарi годинава, ќе ја подари на проектот на младите Швеѓани “Сонглајнс” кои им помагаат на бегалците во Шведска.

Стинг, славниот музичар кој има 65 години и во октомври ќе гостува во Скопје, е познат борец за човекови права.

“Чест ми е што ја добив музичката награда “Полар” оваа година, но уште поголемо задоволство е тие пари да ги дадам за проектот на младите Швеѓани Сонглајнс”, наведе Стинг.

“Сонглајнс” е шведско здружение кое им помага на бегалците, посебно од Авганистан, Еритреја и Сирија да се интегрираат во шведското општество преку музика.