Од:

Стрес @Sulimanovic


Додека сум се свртел, нешто ново ми се случи. Среќа! Следен чекор, бркање на самодовербата низ врата и со отворени раце примање совети од сите. “Ок си, ама…” “Нема збор, одлично е сè, ама…” Стресот на немање ангажман го заменив со стресот на новата задача.

Да ги задоволиш сите или себе? Или и двете па никого? Пак нов стрес. Ќе пишуваш ли за она што тебе ти е битно или за она кое тие сакаат да го читаат? Требаше да си најдам некоја полесна работа. Знам, знам… Секаде ќе имам работа со луѓе.

Ќе морам да научам како да се однесувам со нив. Инаку каде ми е крајот? Деновиве и тој ми е несигурен. Пак стрес. Ах, зошто немав малку акал па да си смислев бизнис план и да си бев газда. Барем на стресот ќе скратев. До тогаш останувам тука. Во потрага по сопствениот идентитет. Ќе се снаоѓам по пат. Збунет и уплашен. Под стрес…