Од:

Струшката дива депонија мора итно да се реши

Министерството за животна средина и просторно планирање донело одлука за формирање комисија која ќе бара ургентни и ефиксни и долгорочни мерки за решавање на проблемот со дивата депонија во Струга.

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, заедно Зоран Шпуриќ министерот без ресор задолжен за регулативата за подобрување на бизнис клима за домашните претпријатија и Рамиз Мерко министер без ресор задолжен за странски инвестиции денеска беа во Струга.

За решавање на проблемот со непрописното одлагање на комуналниот отпад се очекува финансиска  подршка од ИПА фондовите.