Од:

Студентка нападната на сред Скопје бидејќи носела шамија

Сумеја Адеми, 19 годишна студентка на Правниот факултет во центарот на Скопје била нападната од тројца млади луѓе бидејќи им засметало што носела шамија. Напаѓачите, две момчиња и една девојка, ја навредувале и ја влечеле за да и ја извадат шамијата.

Сумеја била со нејзината другарка која се обидела да ја одбрани од насилниците, но била повредена.

За време на инцидентот ниту еден од насобраните граѓани не реагирал во одбрана на двете студентки. Двете девојки успеале да им се отргнат на насилниците, а случајот го пријавиле во полиција.

Нејзиниот татко, Хисен Адеми раскажува дека Сумеја е растена во мултиетничко семејство и има другари од сите вери и нации и дека никогаш вакво нешто им се нема случено воз емјата во која што се родени и живеат.

Сумеа им порачува на младите да престанат со омразата, наместо поделби да има мир, соживот и љубов.