Од:

Судија Седат Реџепагиќ: Без причина сум распределен од Панчевски

Основниот суд Скопје 1 препраспредели десетина судии кои работеа на кривична материја и дела од организиран криминал во Судот за прекршоци. Одлуката за новиот распоред на  Судот е на вд. претседателката Татјана Михајлова. Дел од судиите со чудење ја дочекаа оваа одлука.  Седат Реџепагиќ смета дека неговото прераспределување во Судот за прекршоци по неговиот 30 годишен стаж е нон сенс и дека зад него стои поранешниот претседател Владимир Панчевски.

Чуден распоред, се продолжува со она што го имавме пред неколку месеци. Млади судии се ставаат на претходни постапки, на главни судења и расправи. Веќе 32 имам стаж и сега треба да одам во прекршоци, тоа е нонсенс. Јас сум од  88 година во судот и имам добри и конкретни резултати и нема причина за ова. На што се должи овој нов распоред прашајте го Владимир Панчевски, тоа е негов распоред, тоа не е распоред на дотичнава колешка вд. претседател, вели Реџепагиќ во разговор за НОВА.

Слушнете го разговорот со судијата во извадок од подкастот со Борјан Јовановски.