Од:

Свештеник од Сиера Леоне пронајде дијамант од 706 карати

Христијански свештеник нашол необработен дијамант од 706 карати во африканската држава Сиера Леоне, а станува збор за еден од досега најголемите пронајдени дијаманти.

Пасторот Емануел Момох го пронашол дијамантот во рудник во селото Којаду во западниот регион на Коно, изјави министерот Алхај Мансарај.

Тој драгоцен камен е меѓу 20 најголеми необработени дијаманти досега најдени во целиот свет. Синоќа дијамантот му беше предаден на претседателот Ернест Короми кој вети дека ќе биде продаден транспарентно на меѓународна аукција и тоа на купувачот кој ќе понуди највисока цена.

И покрај тоа што земјата е богата со драгоцени камења, кои можат да се најдат на четвртина од нејзината територија, Сиера Леоне држава со шест милиони жители, e една од петте најсиромашни во светот. Сиера Леоне со години се бори против нелегална трговија со дијаманти, а тие гоо поттикнаа и десетгодишната граѓанска војна од 1991 до 2002 година во која беа убиени 70.000 луѓе.